Ракометната репрезентација на Македонија полека, но сигурно ќе треба да ја бруси формата за Европското првентсвто кое ќе се игра во јануари, па затоа РФМ договори четири контролни средби во ЕХФ-неделата во октомври.

Македонија ќе одигра по 2 меча со Турција и Грузија. Натпреварите со Турција ќе се играат на гостински терен, додека дуелите со Грузија ќе се играат на домашен терен. Се работи за натпревари кои ќе се играат во финишот на месец октомври.

Македонија против Турција досега има одиграно четири натпревари и на сите четири има победа, додека со Грузија за прв пат ќе се сретнеме.