Македонската женска репрезентација за ракометарки до 19 години со пораз го заврши настапот на ЕХФ шампионатот во Литванија.

Нашите ракометарки загубија од Фарски Острови со 30:28 и со ова го освоија шестото место на овој турнир. Најефикасни во нашиот тим беа Тасевска и Смајловска со по пет гола.

Избраничките на Јулијана Дамчевска и покрај високите очекувања и амбиции на крајот мораа да се помират со резултат кој носи оствестување.