Македонската женска ракометна репрезентација ќе игра против Романија во бараж двомечот за пласман на Светското првентво кое ќе се игра во декември оваа година во Шпанија.

Денешната ждрепка посака, избраничките на Симе Симовски да добија противник кој не е фаоворит во однос на Македонија и со зголемен оптомизиам да се подготвуваат за овој дуел.

Бараж натпреварите за пласман на Мундијалот во Шпанија ќе се играат на 16 и 17 април и на 20 и 21 април. Македонија прво ќе гостува кај Романија.

Победничките од десетте бараж двомечи ќе обезбедат пласман на СП, каде веќе тоа го направија Холандија, Норвешка, Данска, Хрватска, Франција и домаќинот Шпанија.