По трите победи на турнирот во Скопје, женската сениорска ракометна репрезентација на Македонија, денеска ќе го дознае противникот во баражот за пласман на Светското првенство во Шпанија.

На ждрепката во Виена закажана за 15 часот, избраничките на Симе Симовски ќе бидат извлечени со една од: Чешка, Русија, Србија, Словенија, Германија, Унгарија, Црна Гора, Полска, Романија и Шведска.

Бараж двомечите ќе се играат на 16 и 17 април и на 20и 21 април. Македонија во баражот ќе се бори за петто учество на Мундијалите.