Легендарниот тренер на Чеховски Медведи, Владимир Максимов, ги коментираше измените во составот по завршувањето на сезоната.

Многу играчи сега сакаат да заминат во странство, во други клубови. Така бива секогаш пред крајот на сезоната, особено ако завршуваат договорите. Со некого ги продолжуваме, со некого не.

Заврши нашиот договор со Дмитри Санталов и тој веќе потпиша преддоговор со македонскиот Вардар. Но, тоа е екипа што се распаѓа. Јас му реков, ако таму не го плаќаат, тогаш ќе бараме некои варијанти на компензација, за да остане во нашиот клуб“, изјави Максимов за mosregtoday.ru.