Повремениот репрезентативец на Хрватска, Стипе Мандалиниќ е најновото засилување на РРК Еурофарм Пелистер.

Ова го потврдија битолчани а левиот бек испрати порака до навивачите.

„Добро вечер на сите навивачите на Еурофарм Пелистер. Официјално преговорите завршија и јас сум нов член на Еурофарм Пелистер од Битола. Се гледаме наскоро и почнуваме со освојување на титули.“– изјави Стипе Мандалиниќ.