Голманот на хрватската ракометна репрезентација Марин Шего е официјално член на францускиот Монпелје.

Минатата година Шего бранеше за унгарскиот ПИК Сегед, додека во неговата кариера беше дел од тимовите на Висла Плоцк, Виве Киелце и Загреб.

„Ќе дадам сè од себе за да можеме да освоиме многу трофеи. Се надевам дека со моја помош ќе успееме да дојдеме до многу победи. Моите нови соиграчи ми се добро познати бидејќи со повеќето од нив играв досега. Се работи за ракометари со висок квалитет и со нетрпение очекувам да почнеме да се подготвуваме за новата сезона. Мојата желба е со Монпелје да стигнам до Келн и да ја освоиме титулата“, изјави Шего на официјалната промоција во новиот клуб.