Ракометниот клуб Металург се засилува во пресрет на новата сезона.Тимот од Автокоманда од денес се засили со хрватскиот интернационалец Марјан Мариќ, кој игра на позицијата лев бек и доаѓа од екипата на Зрињски од Босна и Херцеговина.

Мариќ има 23 години и е брат на познатиот хрватски репрезентативец Марино Мариќ.
Мариќ е четврто засилување за актулелниот освојувач на Купот на Македонија, откако пред тоа во Металург пристигнаа Лука Вујовиќ, Милан Поповиќ и Реваз Чантурија.