Ракометарите на Вардар 1961 утре ќе му гостуваат на Кјелце во натпревар од Лигата на шампионите.

По поразот во Скопје, бекот на црвено-црните, Марко Вујин верува дека среќата нема да им го сврти грбот и дека шансите за победа постојат.

„На домашен терен видовме дека Кјелце е силен противник. Точно е дека домашниот терен не носи предност кога нема навивачи, па на ова гостување одиме да се надигруваме. Направивме анализа и знаеме каде грешевме, се надевам дека сега тоа ќе го поправиме и ќе оствариме позитивен резултат. Тие се врвен тим но ние одиме на победа.“ – изјави Вујин.