Повремениот ракометен репрезентативец Мартин Манасков е нов играч на ракометниот клуб Охрид.

Манасков доаѓа од Пролет, а со новиот тим потпиша соработка од една сезона.

Охрид во новата сезона ќе ги предводи Раде Стојановиќ а во екипата дојдоа уште и голманот Никола Данилоски, пивотменот Кристијан Анастасовски и десниот бек Дејан Гошески, додека Крсте Андоновски, Борче Соколов, Бобан Блажески, Иван Тасески и Јагош Брауновиќ ја продолжија соработката со клубот.