Македонскиот репрезентативец, Мартин Велковски е подготвен да му помогне на Еурофарм Пелистер во саботната пресметка со Татран Прешов во СЕХА лигата.

Тој посочи дека очекувал порано да се врати од повредата, но полека влегува во ритам и се надева дека ќе биде максимално подготвен за дуелот со Татран.

„Одложувањето на натпреварот против Рајн Некар Левен ни отвори шанса повеќе да се спремаме за Словаците. Се подготвуваме за нивниот целокупен тим, сепак доаѓаат со играчите кои го влечат товарот во екипата. Ги анализиравме добро и се надевам дека ќе се покажеме во вистинско светло, бидејќи натпреварот е многу важен за нас, за да го осигураме второто место во групата во СЕХА лигата.“ – изјави Мартин Велковски.