Македонија има само една опција вечерва против Аватрија, победа со два разлика и мирно да ги очекуваме следните противници во вториот дел од шампионатот.

Победа со два гола разлика е она што го посакуваме и ништо друго, останатото не е важно.

„Немаме што да размислуваме, победа со два гола е единствена опција, се друго не е важно, математиката за нас е прва опција, сакаме победа каква што ни одговара з апласман во следната рунда,  не сакаме да сметаме, сакаме победа со два гола“- изјави Мартин Поповски.

Австрија и Македонија се среќаваат од 18-15 во „Виенер Штадхале“ во Виена, победа со два гола разлика ќе не одведе во следната рунда, се останато е ризик и можно враќање дома.