Македонската ракометна селекција ги доби противниците за групната фаза од ЕУРО 2020, а тоа се Чешка, Австрија и Украина, против кои може да ја бркаме и лидерската позиција во групата Б во Виена.

„Имавме поволна ждрепка. Поминавме добро и добивме три репрезентации со кои може да се надигруваме и со кои може да одиме на три победи. Се надевам дека може да атакуваме и на првото место во групата и да пренесеме што е можно повеќе бодови. Секако прво најважно е да сме сите здрави и тимот да биде комплетен“, е коментарот по ждрепката на Никола Матлиевски, асистент на селекторот Данило Брестовац кој беше гостин во студиото на ТВ Телма од каде се следеше извлекувањето на групите за ЕП.

„Австрија е незгоден противник, како домаќин ќе бидат силно мотивирани и секогаш е тешко да се игра против домашната селекција која ќе има поддршка од трибините. Но, се надевам дека со поддршката на ’Фалангата’, која ќе ни биде ветер во грб и наш осми играч, ќе успееме да направиме што може подобар резултат.“ заврпи во својата изјава помошникот на сеекторот Брестовац.