Ракометниот шампион на Белорусија покажал интерес за тројца ракометари на Вардар, Тимур Дибиров, Сергеј Горпишин и Глеб Калараш.
Руското трио од Вардар е интересно за шампионот на Белорусија која сака да ја искористи кризата во Вардар.
Мешков Брест се раздели со дури шест свои ракометари, сега создава нов тим и во Вардар гледа шанса за засилувања.
Ситуацијата во Вардар се смени, Сергеј Самсоненко го напушти таборот на црвено-црните, новиот спонзор Михајло Михајловски најави дека се разговара со сите играчи но буџетот и платите нема да бидат исти.
Comments are closed for this post.