Завршија две средби од 11. коло на групната фаза на Лигата на шампионите.

Во групата „Б“, во која е и нашиот шампион Вардар, заврши источното дерби меѓу шампионите на Украина и на Белорусија. По голема борба во најголемиот дел од средбата, Мешков Брест го скрши отпорот на домаќинот во завршницата од овој интересен натпревар.

Најдобар кај победникот беше Шкурински, со неверојатни 10/12, додека кај поразениот се истакна Пуховски, со 6 гола.

Мотор Запорожје – Мешков Брест  33:36 (17:18)

Во групата „А“, ПСЖ и Цеље ПЛ одиграа извонреден натпревар во кој Цеље му пружи силен отпор на апсолутниот фаворит.

Особено густо беше во второто полувреме во кое Цеље стигна на само гол заостаток, но немаше сили за целосен резултатски пресврт.

Кај ПСЖ накдобар беше пикерот Сипжак, кој постигна дури 9 гола, додека кај Цеље најпрецизен беше Кодрин, со 5 дадени гола.

Цеље ПЛ – ПСЖ  29:33 (13:17)