Ракометарите на Металург утре ќе го одиграат првиот меч од двомечот против Горење во рамки на ЕХФ Купот.

Тимот од „Автокоманда“ денеска отпатува во Велење, а надвор од строј е искускниот Пецаковски кој е повреден. Добри вести за тренерот Зоран Кастратовиќ ќе го има на располагање специјалистот за дефанзива, Велко Маркоски.

Во таборот на поранешниот македонски првак владее добра атмосфера и оптимизам дека  можат да стигнат до позитивен резултат во пресрет на реванш мечот кој што ќе се игра следниот викенд во Скопје.