Тренерот на Металург, Зоран Кастратовиќ, објави дека на денешното гостувавање во Словенија кај Горење, тимот од Автокоманда ќе биде без младиот Лука Вујовиќ.

Македонскиот тим  отпатува со 17 ракометари, а право на настап на денешниот меч нема да има само младиот кружен напаѓач Лука Вујовиќ, што значи дека и официјално Велко Маркоски ќе дебитира во старо-новиот дрес на тимот од Автокоманда.

Натпреварот меѓу Горење Велење и Металург се игра вечерва со почеток од 20:00 часот во рамки на плејоф натпреварот за пласман во ЕХФ Купот.