Скопски Металург вечерва во Цирих против Криенс ќе ја бие последната битка пред остварување на зацртаната цел за пласман во групната фаза од ракометната Лига на Европа.

Македонскиот тим влегува во реваншот со два голови предност обезбедени на првиот натпревар во Скопје (26-24).

Металург пристигна во Цирих во комплетен состав, откако ковид тестовите на сите ракометари пред заминувањето беа негативни, а вчера одржаа и тренинг во “Саалспортхале“ каде вечерва од 18-45 часот излегуваат на мегдан против швајцарскиот противник.