Ракометарите на Металург денеска од 18 часот го дочекуваат словенечки Горење Веленје во реванш натпреварот од 3 коло од ЕХФ Купот.

Да бидам искрен, резултатот не е реален, бидејќи не бевме надиграни за да се најдеме во ваква негатива. Факт е дека работиме вредно на тренинзите, први сме во Суперлигата, но кога ќе дојде еден ваков меч станува јасно дека нивото на домашната сцена е далеку под она во европските натпреварувања. Можам да кажам дека ќе работиме напорно во следниот период и ќе сториме се за да бидеме уште подобри на реваншот, гледам простор за напредок, но и верувам дека со максимално залагање можеме да стигнеме до она што го посакуваме, место во групите на Купот на ЕХФ.“ – изјави Кастратовиќ за клупскиот стајт на Металург.

Металурзите на првиот натпревар на гостувањето кај Горење загубија со 19:24.