Грузискиот супер-талент Иракли Кбилашвили (21 г., 190 см.) е нов ракометар на Металург.
Кбилашвили се смета за еден од најперспективните млади играчи на Грузија и тој остави одличен впечаток на IHF Emerging Nations турнирот, што пред неколку дена заврши во Грузија. На тоа првенство на земји во ракометен развој, Грузија го освои првото место, а Кбилашвили постигна 15 гола од само 22 обиди.
За потписот на Кбилашвили беа заинтересирани повеќе клубови, но тој во иднина ќе го носи дресот на Металург.
Кбилашвили е втор Грузиец во редовите на Металург по Реваз Чантурија, кој претходно потпиша за тимот од Автокоманда.
Младиот Кбилашвили игра на позиција среден бек и ќе ја дели минутажата со Лука Стојановиќ.
Иракли Кбилашвили е шестото засилување на Металург за новата сезона, по Милан Поповиќ, Лука Вујовиќ, Раваз Чантурија, Маријан Мариќ и Даниел Ѓоргески.
Be the first to write a comment.