Настапите во квалификациите за ракометната Лига на Европа го принудија Металург да игра по забрзано темпо и вечерва тимот од Автокоманда стигна до вториот триумф во два дена, откако го совлада Тиквеш со 36-24.

Сите дилеми околу победникот беа решени уште на полувремето  кое Металург го реши во својата корист со 21-13, одржувајќи ја комотно предноста до самиот крај.

Тимот на Зоран Кастротовиќ во вторникот рутински славеше на гостувањето во Прилеп со 28-21 и води на табелата со максимални три победи по три одиграни натпревари.