Ракометарите на Металург вечерва се среќаваат со екипата на Фиверс од Австрија, дуел од 9 коло во Европа лигата на ЕХФ.
Двете екипи се во долниот дел од табелата, Металург е последен без ниту една победа, Фиверс има една против Тулуз.
Металург досега запиша една нерешена и шест порази, против екипата од Австрија се надева на прва победа иако во тимот ќе ги нема Златко Хорват, Милан Лазаревски, Велко Маркоски и Теодор Тодески.
Средбата ќе се одигра во „Спортхале Холгасе“ во Виена, со почеток во 20.45 часот.
Comments are closed for this post.