Со дуелот меѓу братските екипи Металург и Металург 2 вечерва и официјално ќе биде подигната завесата на новата сезона на ракометната Суперлига на Македонија.

Првото коло ќе биде затворено во вторник за кога е закажан последниот меч меѓу Пелистер и Бутел, а од првата фаза од Суперлигата се предвидува да заврши до крајот на оваа сезона. Покрај овие два натпревари се играат и мечевите помеѓу Пролет-Охрид, Радовиш-Вардар Јуниор и Работнички-Струга.

Споед распоредот највозбудливо ќе биде седмото коло, затоа што во истото ќе се одиграат двете најголеми дерби средби. Струга ќе биде домаќин  на „езерското дерби“ против Охрид, додека во Битола гостува тимот на Металург.