РК Металург информираше дека последната фаза од подготовките за продолжението на сезоната ќе ги помине во Спорскиот центар на Фудбалскиот сојуз на Србија во Стара Пазова, каде ќе престојува од 17 до 22 февруари.

Во склопот на овие подготовки клубот најави и две пријателски средби.

На 18 февруари во Нови Сад ќе игра со Војводина, а на 20 февруари во Нашице ќе се сретне со екипата на Нексе.

Својот прв натпревар во продолжението на тековната сезона Металург ќе го одигра на 1 март, кога ќе и гостува на екипата на Струга, во рамките на 15. коло на македонската Суперлига.