Македонскиот суперлигаш Металург ја одработува својата последна фаза од подготовките за продолжувањето на сезоната.

Металурзите се подготвуваат во Стара Пазова, но денеска патуваа до Нови Сад, каде одиграа пријателски натпревар со Војводина.

Средбата имаше две различни полувремиња. Во првото Металург прикажа одлична игра и овој дел од напреварот го заврши со солидна предност од 5 голови, 14:19.

Се се смени во второто полувреме во кое Војводина направи комплетен резултатски пресврт и ја доби средбата со резултат 33:32.

РК Војводима – РК Металург  33:32 (14:19)

За два дена Металург ќе ја одигра и втората пријателска средба, во Нашице против екипата на Нексе.