Ракометниот клуб од Автокоманда, Металург го обезбеди потписот на Енрике Тешеира од Бразил кој игра на позицијата централен бек.

Тешеира има 31 година, доаѓа од ЦСМ Букурешт и ќе биде четврто засилување пред стартот на новата сезона.

Бразилецот е висок 192цм,играше на Светското првенство во 2019 година, на Панамериканските игри беше прогласен за најдобар ракометар.

Металург претходно се засили со Никола Потиќ, Момир Рниќ и Бранко Канкараш.