Македонскиот ракометен прволигаш Металург вечерва го очекува тешко гостување во премиерниот натпревар од европската ракометна лига против француски Тулуз.

Според букмејкерите, Металург важи за тотален аутсајдер и за победа има коефициент од 10.50.

Официјалните составите на двата тима се објавени и кај Металург единствено недостасува репрезентативецот Серафимов.

Мечот започнува од 18- 45 часот со директен пренос на МТВ.

 

ТУЛУЗ:
1. Јеф Летенс, 2. Реми Левенту, 3. Пјерик Шеле,5. Том Бертини, 8. Матју Маример,9. Херик Јакобсен, 10. Максим Жилбер, 11. Едуар Кемпф, 13. Урос Борзас, 15. Пјер Содри, 19. Немања Илиќ,  33. Гаел Трибијон, 44. Нори Бен Халима, 51. Лука Соколиќ
87. Абди Ајуб, 89. Сезар Аугусто Де Алмеида

ТРЕНЕР: Филип Гардо

МЕТАЛУРГ
3. Дарко Кондев, 5. Бранко Канкараш, 6. Милан Поповиќ, 10. Даниел Дупјачанец, 11. Мице Шилегов, 13. Златко Хорват, 15. Маријан Мариќ, 19. Милан Лазаревски, 21. Михајло Младеновиќ, 26. Марко Тарабокија, 42. Момир Рниќ, 44. Стефан Додиќ
55. Никола Потиќ, 64. Велко Марковски

ТРЕНЕР: Зоран Кастратовиќ