Металург во комплетен состав го очекува утрешниот старт на традиционалниот ракометен турнир во Струга, откако во клубот од Автокоманда нема ниту еден ракометар позитивен на корона вирус.

Металург ги направи неопходните тестови на своите ракометари и сите се негативни.

Струшкиот турнир започнува в среда, а дербито на првиот ден е меѓу Металург и битолски Еурофарм.