Ракометарите на Металург се поразени од екипата на Рамат Хашарон со 30-32 на турнирот во Кањижа.

Металург и во првото и во второто полувреме на мечот имаше лош влез, тимот од Израел тоа го искористи и направи разлика која беше недостижна за екипата од Автокоманда.

За Металург ова е четврти пораз на подготовките, претходно се поразени од Чеховски Медведи, Стеауа и Мешков Брест.

Утре на турнирот во Кањижа се среќаваат со Нексе а потоа в недела и со Партизан.

Металург – Рамат Хашрон  30:32 (14:15)

Металург: Дупјачанец (10 одбрани + 2 седмерци), Мијатовиќ (1 одбрана), Јагуриновски 2, Поповиќ 7, Пецаковски, Шилегов 4, Мариќ 7, Лазаревски 1, Вујовиќ, Кбилашвили,  Додиќ 1, Серафимов 5, Кондев 2, Младеновиќ 1, Стојановиќ и Арсеновски .    Седмерци:  4/6.    Исклучувања: 10  минути.