Ракометарите на Металург по само еден ден одмор по долгиот пат од Шпанија денеска започнаа со подготовки за пеколниот распоред кој е пред нив.

Пред тимот од Автокоманда е голем предизвик на физички и резултатски план, и го очекуваат дури пет натпревари во само осум дена, во Лига Европа и во македонската Суперлига.

Најпрво Металург го очекува дуелот со Фиверс во Скопје, в вторник, а потоа три едноподруго гостувања во македонската Суперлига, против Младост, среда, против Бутел, четврток и против Прилеп, сабота.

На први декември, пак, во Скопје, Металеург е домаќин на Чеховски Медведи, во натпревар од Лига Европа.