Металург загуби од Криенс во Луцерн со 22-21, но благодарение на победата во Скопје со два разлика обезбеди пласман во фазата по групи во новоформираната Европа лига на ЕХФ.

Натпреварот донесе драма, Криенс имаше можност за победа со два разлика, напад кој не го реалзираше, Металург се одбрани и обезбеди настап во фазата по групи.

Даниел Дупјачанец беше еден од хероите на мечот кај Металург, бранеше извонредно. Металург на 1 октомври ќе ги дознае противниците во групната фаза.