Ракометарите на актуелниот освојувач на купот на Македонија скопски Металург претрпе пораз од рускиот тим Чеховски Медведи на турнирот кој се одржува во оваа земја.

Тимот од Автокоманда одигра две различни полувремиња на мечот по што на крајот резултатот гласеше 33:23 во корист на рускиот тим.

Екипата на Чеховски ги доби првите 30 минути игра со 13:10. Имаше нешто повеќе од играта и оваа предност беше шанса за двете екипи во продолжението.

Во вториот дел македонскиот тим имаше пад во ритамот на играта и не успеа да се избори за подобар резултат.

Металург во вториот меч утре ќе игра против белорускиот Мешков Брест и натпреварот ќе започне од 14 часот.