Металург извојува уште една убедлива победа, а денешна негова жртва беше Пелистер, кој од Автокоманда замина со негатива од дури 16 гола.

Средбата е одиграна во рамките на 16. коло на македонската Суперлига и заврши со резултат 34:18 (15:8).

Средбата на почетокот изгледаше дека ќе биде неизвесна и рамноправна и така и беше се до 21. минута, кога на семафорот стоеше резултат 8:8. Но, Пелистер наеднаш застана и до крајот на првото полувреме доживеа серија од 7:0, за 15:8.

Во вториот дел веќе се беше јасно и познато, освен конечната разлика со која ќе биде поразен битолскиот суперлигаш. Металург одигра одлично второ полувреме во кое комплетно го надигра противникот.

РК Металург – РК Пелистер  34:18 (15:8)

РК Металург: Дупјачанец, Ѓорѓески, Кондев 3, Јагуриновски 4, Поповиќ 4, Пецаковски 3, Шилегов 1, Танкоски 2, Мариќ 3, Серафимов 2, Лазаревски 4, Младеновиќ, Вујовиќ, Чантурија 6, Кбилашвили 2,и Маркоски.    Седмерци: 2/2.    Исклучувања: 6 минути

РК Пелистер: Димитровски 2, Трајковски 1, Димитров, Ристевски, Ивановски, Вардовски, Буторац 1, Јовановски, Петковски, Апостоловски, О.Вардовски, Мандиќ 1, Митревски 1, Петровски 5, Талевски 6 и Блажевски 1.    Седмерци: ¾.    Исклучувања: 10 минути.

Судии: Спаско и Глигор Ќаеви од Скопје.

Делегат: Марјан Огњановски од Скопје