Актуелниот освојувач на купот на Македонија во машка конкуренција скопски Металург го претрпе и вториот пораз на силниот турнир во Русија.

Тренерот Стојановиќ ги користи дуелите со квалитетни ривали за да го извлече најдоброто од своите избраници на стартот од подготовките за новата сезона, но првите знаци дефинитивно не се премногу охрабрувачки.

Металург денеска  се сретна со белорускиот првак Брест Мешков. Ракометарите на Брест немаа поголеми проблеми и на крајот да славеа со убедливи 38-26, полувреме 18-10.