Новиот Газда на РК Вардар во изјава за ТВ Телма потврди дека клубот е во фаза на превземање и ќе има додавка во името.

Во моментов се врши регистрација на новиот субјект, новото име во целост ке биде РК Вардар 1961 во чест  на основањето на клубот.

„Ова е фаза кога го превземаме клубот од Самсоненко. Кога тоа ќе се заврши, треба да пристапиме кон регистрирање на новиот субјект, кој ќе се вика Вардар 1961“ – рече Михајловски.