Поранешниот тренер на македонскиот ракометен шампион Вардар, Веселин Вујовиќ, во најскоро време би можел да ја напушти селекторската позиција на клупата на Словенија. Ова го пишува словенечкиот портал „Екипа24“.

Вујовиќ со Словенија има договор до Олимписките игри 2020 во Токио, но поради слабите резултати и игри во последниот период челните луѓе на Словенечката федерација размислуваат да го сменат популарниот Вујо од оваа позиција. Словенија со Вујовиќ го направи најголемиот успех во својата историја, откако во 2017 на СП стигнаа до бронзениот медал.

Како наследник на Црногорецот се спонемува тренерот на Киелце, Талант Душебаев. Душебаев е надвор од репрезентативните води од 2017 година кога ја напушти клупата на Полска. Доколку Вујовиќ не го дочека ЕП во јанувари неговата функција ќе ја превземе неговиот заменик Урош Зорман.