Компанијата Еурофарм е блиску да го купи ракометниот бренд РК Пелистер и конечно овие два клуба ќе се соединат како што беше најавено од претходно.

Ракометниот клуб Еурофарм Работник во иднина ќе се вика Еурофарм Пелистер, а постоечката екипа на „зелено-белите“ ќе биде преименувана во Еурофарм Пелистер 2. Договорните страни го открија и буџетот кој ќе изнесува еден милион евра.

Со договорот, Општина Битола се обврза да издвојува 15 милиони денари во наредните пет сезони, почнувајќи од сезоната 2019/20. Еурофарм Работник, пак, преку своите спонзори ќе го обезбедува преостанатиот дел од буџетната сума. Добивката на крајот од сезоната ќе се дели според сопственоста на акциите.

Парите кои ќе се искористат да се подмират старите долгови нема да се израчунаат во вкупната сума на овогодишниот буџет на екипата.