Дејан Милосављев дојде на мала врата во Вардар, но замина како легенда, откако повеќе од успешно го замени на голот Арпад Штербик и беше битна алка за освоената ланска титула во Лигата на Шампиони.

Младиот ракометен голман во многу наврати нагласувал дека Дејан Периќ е еден од најзаслужните за неговиот напредок во кариерата.

На својот Инстаграм профил, голманот објави фотографија со менторот и му се заблагодари за сè досега, присетувајќи се на златните моменти во Вардар.

„Најдобриот голмански тренер, ментор и животен учител. Фотографија која ќе ни ги врати спомените, кога ќе ја погледнеме ќе ме потсети на убавите моменти додека работевме заедно. Ти благодарам на сè досега Перке мој, се надевам дека во блиска иднина нашита патишта ќе се спојат повторно“- стои во објавата на голманот.