Во рамките на 22. коло на Бундеслигата, екипата на Вецлар, каде капитен е нашиот интернационалец Филип Миркуловски, извојува лесна и убедлива гостинска победа против „фенерџијата“ Нордхорн.

Вецлар славеше со резултат 31:25 (16:14), а нашиот Миркуловски помогна со еден постигнат гол.

Вецлар беше подобар во сите 60 минути и заслужено дојде до својата 11-та победа, со која се зацврсти на осмото место.