Во Порто се сè уште во шок, малку недостасуваше да се случи вистинска трагедија, Алфредо Кинтана доживеа срцев удар на тренингот со својот ракометен тим.

Голманот Кинтана е еден од стандардните во Порто заедно со нашиот Никола Митревски, имал срцев удар за време на тренингот, веднаш му била укажана помош од медицинскиот тим, потоа е испратен во локалната болница.

Алфредо Кинтата е во Порто од 2010 година, тој е постојан член на португалската репрезентација за која брани од 2014 година.