Голманот на Еурофарм Рабитни и македонски репрезентативец, Никола Митревски, смета дека поразите од Спортинг и Савехов оставиле трага но тоа не значи дека екипата е во надолна линија.

Еурофарм Работник во понеделник се среќава со Металопластика во СЕХА конкуренцијата и тоа е шанса за враќање во победнички ритам.

„За нас нема лесни натпревари сезонава. Металопластика имаше повеќе време за подготовка, иако сме фаворити, не верувам дека ќе биде лесно. Противникот има млада екипа, играат борбено, парираа со сите ривали сезонава. Ние сме малку психички разнишани, но нема да влијае на натпреварот в понеделник и верувам дека ќе се вратиме на победничките патеки. Ако го дадеме максимумот, мислам дека ќе се радуваме на победа во понеделник“ – изјави Митревски.

Средбата, Еурофарм Работник – Металопластика во понеделник се игра од 20-45 часот.