Голманот на македонската ракометната репрезентација Никола Митревски го одигра првиот натпревар во дресот на португалскиот првак Порто.

Митревски дебитираше за Порто во ремито од 31-31 на пријателскиот натпревар против шпанскиот Адемар.

Митревски во јуни направи трансфер од Еурофарм во Порто, противникот на Вардар 1961 во новата сезона во Лигата на шампиони, покрај ПСЖ, Кјелце, ПИ Сегед, Мешков Брест, Елверум и Фленсбург.