Македонскиот репрезентативен голман, Никола Митревски беше еден од најдобрите во денешната победа над Веспрем во СЕХА лигата.

Митревски по постигнатиот резултат имаше само пофални зборови за навивачите кои му покажале дека за нив е најважен Еурофарм Рааботник.

„Игравме против еден од најдобрите три тимови во Европа. Се очекуваше Веспрем да ја прекине лошата низа во Битола но тоа не се случи, ние не им го дозволивме тоа. Иако мислев дека публиката ќе дојде да го гледа фаворитот а не да не бодри нас, на крај се покажа спротивното. Одигравме добро во првото полувреме, имавме предност од шест гола а во клучните моменти во вториот дел со помош на публиката успеавме да дојдеме до голема победа“ – вели Митревски во изјава за Гол.мк