Македонија е домаќин на Мундијалот во ракомет за играчи до 19 години, вечерва свечено е отворен шампионатот на кој ќе настапат 24 репрезентации.

Претседателот на РФМ, Живко Мукаетов потенцира дека ова е одлична шанса за промоција на нашиот главен град  и Македонија како држава.

„Задоволство е да сте организатори на вакво првенство, на 24. селекции од светот. Се надевам дека нашата репрезентација ќе ги исполни очекувањата на сите љубители на ракометот и ќе стигне далку на овој шампионат“ – изјави претседателот на РФМ, Мукаетов.