Ракометната федерација на Македонија  денеска го одржа редовното годишно собрание, на седницата присуствуваа најголемиот дел од делегатите кои немаа замерка за работата на федерацијата.

Претседателот ЖивкоМукаетов говореше за оствареното во 2019 година, се надева дека сениорската репрезентација безболно ќе ја има смената на генерации.

„Процесот на смена на генерациите во сениорската репрезентацијата е пред крај, се надевам дека ќе мине што побезболно на резултатски план,не очекуваат бараж натпревари, целта е пласман на  СП 2022 во Египет и се надевам на  успешни квалификации за ЕП 2022 за кои е потребно квалитетно да се подготвиме – изјави Мукаетов.