Ракометната федерација на Словенија јави дека имале 12 затруени играчи пред дуелот со Египет, средбата заврши 25-25, тие не се пласираа во четвртфиналето на Мундијалот.

На Словенија и беше потребна победа за пласман меѓу најдобрите осум, но пред дуелот со домаќинот Египет се соочија со голем проблем, 12 играчи се затруле со храна, во најлоша позиција биле Сташ Скубе и Блаж Благотиншек.

Ракометната федерација на Словенија реагираше, со соопштение, прифаќаат дел од одговороноста, но и обвинија.

„Никогаш не сме барале изговори. Како и секогаш, ние ја преземаме одговорноста за секој проект, но дури дванаесет играчи на нашата репрезентација се затруа со храна 24 часа пред мечот со Египет. Тоа не беше „вирус“, некои од репрезентацијата едноставно врескаа од болка, повраќаа и брзаа кон тоалетите како да им се загрозени животите. Организацијата на овој Мундијал е очајна. Половина екипа ни беше во тоалет на денот на натпреварот, а и пред натпреварот. Тројца не можеа да играат, а цело време некој повраќаше“ – објави ракометната федерација на Словенија.