Дека Фуксе Берлин направи одличен потег со доведувањето на Кристопанс се виде уште на првата средба на која настапи џинот од Летонија. Во дерби натпревар од 23. коло на Бундеслигата, Фуксе Берлин славеше против Магдебург и изби на третата позиција на првенствената табела. Магдебург по овој пораз падна на петтата позиција.

Целиот натпревар мина во исклучително рамноправна борба, во која двете екипи имаа свои периоди и водства, но никогаш со повеќе од три голови разлика.

Кристопанс средбата ја заврши со 4 постигнати гола, додека нашиот Филип Кузмановски остана без постигнат погодок.

Фуксе Берлин – Магдебург  25:24 (12:13)