Најдобрата ракометна судиска двојка,Ѓорѓи Начевски и Славе Николов денеска е задолжена за спортската правда на дуелот меѓу Тунис и Полска.

Ова е прв натпревар кој ќе го судат арбитрите од Македонија кои со ова ќе ја продолжат низата настапи на големите турнири организирани од ИФХ и од ЕХФ.

Нашата репрезентација денеска е слободна а утре ќе игра против домаќинот на ова Светско првенство, Египет предводен од Парондо.