Најдобрата ракометна судиска двојка од Македонија, ќе биде дел од квалификациски турнир за пласман на Олимписките игри во Токио.

Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе ја делат спортската правда на турнирот во Германија кој ќе се одржи од 12 до 14 март.

ИХФ ги номинираше нашите судиите за турнирот каде ќе играат Словенија, Шведска и Алжир. Од овој турнир, двете најдобри репрезентации ќе изборат пласман на ОИ во Токио.