Македонската судиска двојка Ѓорѓи Начевски – Славе Николов по добро завршената работа на дуелот меѓу Тунис и Полска, денеска ќе бидат задолжени за спортската правда на мечот меѓу Русија и Словенија.

Словенците по убедливата победа против Јужна Кореа во воедното коло од групата Х, денеска ќе се обидат да ја потврдат фаворитската улога против Русија која во првото коло ремизираше со Белорусија.

Натпреварот Русија – Словенија е закажан за 18 часот.